Македонија
13. February 2019 - 8:39

Прва седница на новиот состав на Антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи првата седница, на која ќе бидат разгледани предлог одлуките за избор на заменик-претседател и на генерален секретар на ДКСК.
 
На дневен ред на седницата се и Предлог одлука за овластување на потписници на сметката на ДКСК, активностите во врска со надлежноста на ДКСК за следење на законитоста на финансирањето на изборната кампања и информацијата за обезбедување на материјално – технички услови за функционирање на ДКСК.