Прва средба на претседателите на парламенти на Македонија и на Оман

Претседателот на Собранието Талат Џафери во рамки на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува во Санкт Петербург, денеска имаше средба со претседателот на Консултативниот совет (парламентот) на Оман Халид Ал-Маавали.
Оваа прва официјална средба меѓу парламентарци од Република Македонија и Султанатот Оман, како што истакнале на средбата Џафери и Ал-Маавали ќе претставува поттик за продлабочување на билатералната соработка меѓу парламентите и владите на двете земји.
- Претседателот на Собраниети Џафери изрази задоволство што дипломатските односи меѓу двете земји се воспоставени под уставното име на Република Македонија и констатираше дека, скорешното назначувањето на вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Султанатот Оман, кој нерезидентно ја покрива земјата од МНР Скопје, ќе придонесе за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.
Истакнувајќи дека како претседател на Собранието на Република Македонија придава големо значење на парламентарната дипломатија, Џафери го известил Ал-Маавали дека во Парламентот повторно е формирана Пратеничка група за соработка со земјите од Блискиот и Средниот Исток.
Џафери посочил на стратешките приоритети на Република Македонија за членство во ЕУ И НАТО и истакнал дека новоизбраната влада ги интензивира односите со соседните земји, а со посредство на ООН, се обидува да изнајде заеднички прифатливо решение за спорот со името, што претставува единствената пречка за членство на нашата земја во евроатланските структури.
Претседателот на Консултативниот совет (парламентот) на Оман Халид Ал-Маавали се осврнал на состојбата на Средниот Исток и улогата што Султанатот Оман ја има како медијатор и олеснувач меѓу завојуваните страни во регионот.
- Соговорниците се согласија дека потпишувањето на Договорот за одбегнување на двојно оданочување и Договорот за поттикнување и заштита на инвестиции помеѓу Република Македонија и Султанатот Оман ќе даде импулс во унапредување на економската соработка меѓу двете земји меѓутоа, постојат уште многу можности за унапредување на соработката на полето на образованието, здравството, културата и трговијата, за што е потребна поширока формално-правна рамка, се наведува во соопштението.
Во однос на разрешувањето на глобалните предизвици, тие изразиле уверување дека само со директна комуникација може да се надминат сите недоразбирања и да се избегнат конфликтите, а дијалогот претставува единствено средство за постигнување на компромис.
Џафери и Ал-Маавали размениле покани за взаемни посети на двете земји, како значаен чекор за продлабочување на билатералните односи и соработка меѓу Република Македонија и Султанатот Оман.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
