-->
-->
Први бодови за Валенсија во Примера
-->

Екипата на Валенсија ја забележа првата победа во првенството и ги освои првите бодови, откако во последниот меч од петтото коло славеше против Депортиво Алавес со 2-1.
Без тренер, откако Пако Ајестаран по четири порази доби отказ, фудбалерите на Валенсија ја забележаа првата победа во Примера. На „Местаља“, Валенсија го победи Алавес и на новиот прволигаш му го наненсе првиот пораз во првенството.
Валенсија среќно стигна до првите бодови сезонава, откако до 1-0 дојд со автоголот на Лагвардија во 28-та минута, а победата ја обезбеди Дани Парехо во 88-та минута од сомнително досудениот пенал. Голот за Алавес го постигна Пинедо во 45-та минута.
На дурите две средби кои го комплетираа колото Легањес победи во Ла Коруња 2-1 со головите Лусијано и Габриел, а со идентичен резултат во Осасуна до победа стигна Еспањол, Лео Баптистао и Морено беа стрелци на головите со кои Еспањол ја запиша првата победа во сезоната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
