Првиот товарен воз од Кина мина низ тунелот под Босфор

Кинескиот товарен воз „China Railway Express“, што од Кина тргна на пат за Европа, утринава минал низ тунелот Мармарај, под Босфор, и од азискиот мина во европскиот дел на Истанбул, јави агенцијата Анадолија.
Станува збор за првиот товарен воз што мина низ Мармарај и што директно ги поврва Кина и Европа, односно градовите Џихан и Прага.
Големиот товарен воз низ тунелот мина во две компоненти, од кои едната ја влечеше локомотива на „Турски железници“, а втората локомотива на „Железници на Кина“.
Вкупно 42 вагони натоварени со електрични производи за 12 дена по шини ќе минат 11.483 милометри, низ 10 држави и две мориња.
Со ова, возот долг вкупно 820 метри стана првата товарна композиција што на шини директно стигнала од Кина до Европа.
Турскиот министер за инфраструктура Чахит Турхан вчера во Анкара изјави дека периодот на транспорт на стоката од Кина до Турција и натаму кон Европа е значително намален со отворање на пругата „Железен пат на свилата“, што ги спојува Турција и Казахстан, како и со отворање на железницата и тунелот Мармарај, што под Босфор ги спојува Азија и Европа.
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
