Првите авиони со храна пристигнаа во Јемен откако Саудиска Арабија го укина ембаргото
Четири авиони со хуманитарна помош денеска пристигнаа во Сана, главниот град на Јемен, јави новинската агенција ДПА. Ова е првата пратка хуманитарна помош за Јемен испорачана откако Саудиска Арабија и нивните сојузници во регионот воведоа ембарго врз Јемен на 5 ноември. Ембаргото беше воведено откако шиитската бунтовничка група Хути истрела ракета кон саудискиот главен град Ријад.
Саудиска Арабија и Иран помагаат спротиставени групи во граѓанската војна во Јемен, која изби во 2014 година, со обидот на Хутите да ја преземат контролата врз државата. Војната предизвика глад во Јемен, и се смета дека од 27 милиони жители, 17 милиони немаат доволно храна. Се уште не е јасно дали ембаргото што го воведе Саудиска Арабија ќе биде симнато во целост, или ќе остане на сила за шиитските делови на Јемен кои се под контрола на Хутите. Кога го воведе ембаргото, Саудиска Арабија соопшти дека тоа е неопходно за да се спречат натамошните ирански пратки на оружје за Хутите
Ново на Сител
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор