Прво намалување на албанскиот јавен долг по шест години
Првпат по шест години годинава е регистриран пад на јавниот долг на Албанија, јави допсиникот на МИА.
Последните податоци на албанското Министертвото за финансии потврдуваат дека во третиот квартал од годинава долгот на Албанија се намалил на 60,77 отсто од бруто домашниот производ (БДП), за разлика од 72,21 проценти, колку изнесуваше на крајот од минатата година.
- Намалувањето на долгот е резултат на два фактора: раст на економијата и успорување на задолжувањата, оценува Министерството, додавајќи дека се очекува БДП на Албанија годинава, да достигне 11,2 милијарди евра наспроти ланските 10.6 милијарди евра.
Албанскиот Парламент лани ја овласти Владата во текот на 2016 година да го подигне нови кредити во износ од 260 милиони евра, но до крајот на септември Министерството за финансии не склучило никаков договор за нови задолжување.
Официјалните податоци потврдуваат дека на крајот од септември, буџетското салдо резултира со суфицит од 9,6 милијарди евра, поради пониските трошоци од планираното.
Ново на Сител
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-
Фон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата
-
Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија
-
Три лица загинаа во пожарите во Португалија
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд