Македонија
1. May 2024 - 16:34

Првомајската традиција продолжува

Зурли и тапани, распалени скари, добро друштво – ова е рецептот за убаво да поминете на првомајскиот пикник. Оние кои не заминаа надвор од државата, тие што не се ангажирани во предизборните кампањи и не беа на синдикалниот протест  – денот на трудот го поминаа на некои од излетничките места.

-Со убава музика, ракија, пиво, се најубаво. Ние знаеме дека овој ден на трудот треба да протестираме за човековите права, за работникот, ама ние веќе еве 30 години се собираме..Доаѓаме први, последни си одиме од овде, вели граѓанин од Скопје

Како било порано, како е сега празнувањето на први мај – за некои можеби состојбите во државата влијаат на празничното расположение, но тие што ја почитуваат традицијата велат и не треба скара за добро поминат ден.

-Ако направите споредба порано кога с епразнувал 1 мај и денеска, која е разликата? – Кој си има традиција си празнува. Се празнуваше и тогаш и сега, кој нема традиција си седи дома.

Кој празнувал порано празнува и денес, значи нема разлика.

Нема расположение кај луѓето, ова што го гледате се е вештачко, ништо не е реално, велат граѓани.

И млади и стари, пикник покрај река е место каде може да заборават на секојдневните грижи. Малку потешко им е на тие што мора да го испечат месото

-Со мака. Зошто со мака? Треба некој да го прави ова, ама сега сме на стартот, уште покасн ода дојдевте, да пробавте и мевце.

Денеска денот дозволува опуштање со скара и музика – утре е работен ден.