Македонија
3. January 2023 - 11:22

Првороденото бебе во струмичката болница е женско

 Првороденото бебе во новата 2023 година во струмичката болница е женско, а на свет го донесе Ани Ристова од село Еднокуќево, Општина Босилово.

Детете е родено вчера во 11:30 часот, а на родилката и е второ дете.

Мајката и бебето, кое го доби името Дона, ги посети советничката Елена Маѓеровска Паликарова која во име на градоначалникот Костадин Костадинов и Општината и врачи штедна книшка со 40.000 денари.