Првото новороденче во Струга е машко
Првото новороденче во 2016 година во Струшката болница е момче. Од болницата информираат дека бебето е родено во 6 часот и 55 минути со царски рез, а веднаш потоа на свет дошле уште две бебиња.
Бебето и мајката, како што посочуваат од болницата, се чувствуваат добро.
Од Одделението за гинекологија и акушерство во Струга очекуваат уште најмалку три бебиња во текот на денот.
Новогодишната ноќ во Струга поминала без инциденти. Брзата помош немала никакви интервенции, а немало нарушување ниту на јавниот ред и мир.
- Мирна и безбедна беше новогодишната ноќ во Струга. Во градот и околните неселени места не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, немаше сообраќајна незгода, ниту друг безбедносен настан, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Полициски службеници, според него, и денеска се во централното градско подрачје и околните места.
Ново на Сител
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот