Психијатриската болница во Скопје отворена за сите кои чувствуваат потреба за помош по трагедијата во Кочани
Директорот на Психијатриска болница -Скопје, Иса Авдулаи, изрази сочувство на семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, посочувајќи дека Клиниката за психијатија во Скопје е отворена да пружи каква било помош за надминување на овој тежок период.
-Почитувани семејства на жртвите и повредените во трагедијата во дискотеката во Кочани. Со длабока тага ја примив веста за загубата на вашите најблиски и за бројните повредени во оваа трагична случка. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со вас. Ви изразуваме најискрено сочувство и ја споделуваме вашата болка. За сите оние кои чувствуваат потреба од психолошка поддршка по оваа трагедија, Психијатриската Болница е отворена и подготвена да ја понуди неопходната помош. Ве охрабруваме да побарате поддршка за полесно да го надминете овој тежок период, наведува Авдулаи во објавата на Фејсбук.
Според последните официјални информации, во пожарот што изби во дискотека во Кочани синоќа загинале 59 лица, а 155 се повредени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите