ПССЕ бара ограничување на вонредната состојба при борбата против тероризмот

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) смета дека антитерористичките мерки можат да доведат до сосотјба на поткопување на демократската контрола, иако признава дека државите-членки имаат потреба да се стекнат со правни инструменти за ефикасна борба против тероризмот, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Во усвоената резолуција по предлог на пратеникот Тини Кокс од Холандија, Парламентарното собрание на Советот на Европа бара од земјите-членки да гарантираат дека усвојувањето и спроведувањето на законските и другите административни мерки ќе бидат во „правична рамнотежа со цел од една страна да се заштити слободата и безбедноста, а од друга страна да се избегне кршење на човековите права“.
Според усвоениот текст, вонредната состојба треба да биде ограничена на стриктен минимум и безбедносните служби не треба да ја злоупотребуваат, ниту да ги заобиколуваат законските основи и да ги ограничуваат индивидуалните слободи.
ПССЕ натаму бара да нема „етничко или расна профилирање на сомнителните“, кои се изложени на претреси, заплени, апсења или други корективни мерки, како и демократска и ефикасна контрола на спроведувањето на овие мерки од парламентите на земјите-членки, или од другите независни национални институции за заштита на човековите права.
Усвоениот текст бара разузнувачките служби да ги избегнат сите масовни следења, кои се покажуваат како неефикасни и притоа да ја интенвизираат нивната соработка.
Потребно е да се „пресечат виталните финансиски текови“ на меѓународниот тероризам и трговијата со оружје со ефективно спроведување на конвенциите на ОН и на Советот на Европа за борба против финансирање на тероризмот.
Со цел да им се дозволи на парламентите коректно да се занимаваат и да ги обработуваат овие прашања, ПССЕ ја замолува Венецијанската комисија да изработи мислење за компатибилноста на францускиот уставен закон, со кој во францускиот Устав се предвидува внесување на одредби кои се однесуваат на вонредната состојба и одземањето на државјанството, со одредбите на Европската конвенција за човекови права и нормите на Советот на Европа.
Ново на Сител
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството
-

Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата
-

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
