Фудбал
22. May 2016 - 9:35

ПСЖ го освои Купот на Франција

Фудбалерите на ПСЖ со победата синоќа во финалето на Купот на Франција ги освоија сите четири трофеи во својата држава оваа сезона. На стартот од сезоната победија во Супер купот, а потоа беа најдобри во Лига купот, ја освоија шампионската титула и со победата од 4:2 над Олимпик Марсеј триумфираа и во Купот.

Најдобриот нивни играч со Златан Ибрахимовиќ со два гола се прости од дресот на францускиот првак, а сезонава постигна 50 голови во сите натпреварувања.