ПСЖ и Барселона остварија домашни победи во првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ на стадионот „Парк де Пренс“ ја совлада Астон Вила со 3-1.
Дуе, Кварачелија и Мендеш ги постигнаа победничките голови за парижаните, додека Роџерс погоди за гостите.
Лондонскиот тим на крајот имаше среќа да помине со само три гола во мрежата на Мартинез, бидејќи парижаните беа подобри во секој аспект од играта.
Екипата на Барселона пак е на чекор од полуфиналето на Лигата на шампионите откако забележа чиста домашна победа од 4-0 над Борусија Дортмунд во првата четвртфинална меѓусебна пресметка на турнирот.
Сите голови на натпреварот ги постигнаа ѕвезденото трио на Каталонците - Рафиња (25'), Роберт Левандовски (48', 66') и Ламине Јамал (77').
Ова беше 23-ти последователен меч за „блауграните“ без пораз од почетокот на годината (19 победи и 4 нерешени), што е рекордна серија во клупската историја.
Реваншот е за една недела на Сигнал Идуна Парк.
Први натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите:
Барселона (Шпанија) - Борусија Дортмунд (Германија) - 4:0 (1:0)
Пари Сен Жермен (Франција) - Астон Вила (Англија) - 3:1 (1:1)
Од вторник:
Арсенал (Англија) - Реал Мадрид (Шпанија) - 3:0 (0:0)
Баерн Минхен (Германија) - Интер (Италија) - 1:2 (0:1)
Реваншите се на 15 и 16 април.
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
