Фудбал
28. May 2017 - 10:31

ПСЖ по автогол на Анже стигна до пехарот во Купот

Фудбалерите на ПСЖ го освоија Купот на Франција откако во финалето синоќа го победија Анже со 1:0 со автоголот на Иса Сисоко во 90+1 минута. Ова за ПСЖ е 11.ти трофеј во ова натпреварување со што се најуспешната екипа во Франција, откако Олимпик Марсеј остана на 10.
ПСЖ трета сезона по ред победува во францускиот куп, а го играше своето 15.то финале.
За екипата на Анже ова беше прво учество во финалето на Купот на Франција.