-->
-->
Пукање на Пластичарска, најмалку тројца ранети
-->
Хаос вчеравечер се случувало на булеварот „Никола Карев“ познат како Пластичарска по престралка со огнено оружје во која според неофицијални информации повредени се три лица.
Повредените се префрлени во Хируршката болница „Св. Наум Охридски“ и на комплексот клиники Мајка Тереза.
На престрелката и претходела масовна тепачка во која учествувале повеќе луѓе, пишува „24инфо“.
Засега нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи за престрелката која вчеравечер ги вознемири скопјани. Мотивите се уште не се познати.
На лице место излезени биле екипи на Јавното обвинителство и МВР кои вршеле увид, повеќе детали се најавуваат во текот на денешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
