Пукотници околу аеродромот во Кабул, голем број земји не можат да ги евакуираат сите Авганистанци кои сакаат да заминат
Ситуацијата на аеродромот во Кабул не се смирува, а во исто време расте бројот на држави кои предупредуваат дека нема да можат да ги извлечат од Авганистан сите оние кои сакаат да избегаат од талибанците.
Колоната автомобили на патот кон аеродромот во Кабул е долга три километри, јави дописникот на Би -Би -Си, Малик Мудасир.
– Кога се приближивме до аеродромот, звуците на огнено оружје стануваа се погласни, вели Малик.
Кога екипата на Би -Би -Си се обидела да разговара со луѓето собрани пред аеродромот, вооружените авганистански војници им наредиле веднаш да се оддалечат.
– Војниците беа многу лути. Имаа нешто како камшик во рацете, дури и не удрија неколку пати. На крајот, ги проверија нашите прес – картички и не пуштија, рече Малик.
Од аеродромот во Кабул денеска полетаа четири авиони, а еден пакистански лет беше откажан, но не се познати причините за тоа.
– Оние што се обидуваат да заминат се семејства на Авганистанците кои на еден или друг начин работеле со странци, како преведувачи или во медиумите. На нивните лица може да се види тага, како некој на сила да ги брка од нивната татковина, рече Малик.
Шпанија призна дека нема да може да ги евакуира сите Авганистанци кои работеле со шпанските сили. Како причина ја наведе „драматичната ситуација на теренот“.
– Ќе евакуираме што е можно повеќе луѓе, но некои ќе останат таму од причини што не зависат од нас, туку од драматичната ситуација на теренот, рече шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес во интервју за Радио Кадена Сер.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас исто така рече дека „САД и сојузниците нема да можат да ги повлечат сите Авганистанци кои имаат услови да заминат до 31 август“.
Ново на Сител
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција