Пушењето значи поголема опасност при зараза со Ковид-19
Пушачите треба да ја сфатат пандемијата како најсериозно предупредување за веднаш да се запре оваа лоша навика, сметаат лекарите.
Истражувањата покажуваат дека кај пушачите има поголема веројатност да се разболат, па дури и да починат ако се заразат со коронавирусот, отколку кај непушачите. Пушењето ги оштетува белите дробови и тоа е главната причина за поголемата опасност.
– Откажувањето од пушење ја намалува опасноста од тешки симптоми на Ковид-19 релативно брзо. Не истата секунда, но секој ден сѐ повеќе. Ниту едно делче од белите дробови не е заштитено од пушењето. Колку повеќе и подолго пушите, толку е поголема штетата, вели пулмологот и интернист Стефан Андреас, член на Германската фондација за болести на белите дробови.
Истиот совет го дава Светската здравствена организација (СЗО), која посочува дека пушачите се со поголема веројатност да се заразат со коронавирусот.
– Исто така, ризикот е околу 30 отсто поголем за поранешен пушач кој пушел кутија цигари на ден, отколку кај личност која никогаш не била пушач, вели д-р Андреас. – Ова значи дека и пушачите и поранешните пушачи мора да бидат особено внимателни во однос на заразата со коронавирус и да ги почитуваат сите мерки за заштита.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
