Пуштена во употреба новата филтер станица во гостиварско Вруток

Во Вруток, Гостиварско денеска е пуштена во употреба новата филтер станица, со што за жителите на Општина Гостивар кои се снабдуваат преку градскиот водовод ќе се обезбеди чиста и здрава вода за пиење.
На настанот присуствуваа министерот за животна средина Нурхан Изаири, министерот за правда Аднан Јашари и градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта,
- Реализацијата на проектот „Проектирање и изградба на филтерска станица на системот за водоснабдување во Гостивар“ започна во 2011 година и со неговото финализирање трајно се реши проблемот со обезбедување квалитетна вода за пиење на жителите од гостиварската општина, рече министерот Изаири.
За градоначалникот Бејта, ова е значаен ден со оглед дека гостиварци, како што рече речиси три децении со соочуваа со недостиг од чиста вода за пиење.
- Од денес, граѓаните на Гостивар и на некои околни населени места ќе пијат филтрирана и здрава вода. Оваа филтер-станица ќе ја пречистува сета вода која се дистрибуира низ главниот водоводен систем, рече Бејта
Проектот за изградба и опремување на филтер-станицата чинеше 123 милиони денари, а средствата во целост ги обезбеди Владата.
Општина Гостивар го купи земјиштето и набави трафостаница, која го снабдува објектот со електрична енергија. ЈП Комуналец ги поврза доводните цевки со филтер-станицата за што беа вложени дополнителни 100 илјади евра за завршување на овој капитален проект.
За целосно заокружување на снабдувањето со здрава вода за пиење во соработката со централната власт и меѓународните институции, Швајцарската агенција СЕЦО и германската KfW банка, во текот на 2016 година треба да се заменат азбестните со ПВЦ цевки и со тоа да се заврши најголемиот инфраструктурен проект во општина Гостивар во последните 3-4 децении.
Ново на Сител
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
-

Ученик физички нападнат од наставник во основно училиште во Шуто Оризари
-

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
-

Мицкоски: Има политичари во Македонија кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција
-

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
-

Скопје под надзор: Ќе се постават над 200 низ градот за борба против дивите депонии и вандализмот
