Пуштена во употреба реконструираната улица „Мите Богоевски“ во Ресен

Ресенчани добија ново урбано катче во централното градско подрачје со реконструкцијата на улицата „Мите Богоевски“ што синоќа беше пуштена во употреба.
Улицата која води до градскиот плоштад „Цар Самоил“ ја пуштија во употреба градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски и Неделко Поп Гошев преставник на ресенскиот еснаф.
Реконструираната „Мите Богоевски“, според градоначалникот Стрезовски, е извонредна можност граѓаните на Ресен и Преспа да уживаат во еден прекрасен амбиент на една од најфрекфентните улици кои водат до градскиот плоштад и која ќе биде наменета исклучително за пешаци.
- На улицата која ќе биде наменета само за пешаци поставени се над 1.500 метри квадрати поплочен простор, канделабриско осветлување, клупи, стилизирани канти за отпадоци, хортикултурно е уредена со мала фонтана, а на почетокот од улицата направен е и паркинг простор, истакна Стрезовски.
Тој нагласи дека ресенчани, но и туристите ќе имаат можност да уживаат во една од најфрекфентните улици каде се сконцентрирани кафулињата, но и другите угостителски објекти.
- Граѓаните на Ресен ќе имаат можност да уживаат во еден прекрасен амбиент на една од главните и најфрекфентните улици кои водат до центарот на градот. Тука се сконцентрирани кафулињата и другите угостителски објекти каде се собираат граѓаните особено во текот на летото. Ова е можност сите да почнеме еден нов начин, нов стил на живеење во Ресен, нагласи Стрезовски.
Изразувајќи задолство за реконструкцијата на улицата, претставникот на чаршискиот еснав истакна дека со реконструкцијата на улицата и Ресен доби свое обележје, споменувајќи познати улици во светските метрополи.
- И Ресен си доби еден белег, што ќе го бележи како град. Ресен порано имаше свое корзо, сега добивме налик на тоа поранешно корзо кое ќе му помогне и културно да заличи на град, рече Поп Гошев.
Реконструкцијата на улицата „Мите Богоевски“ почна во февруари годинава, а се реализираше со средства од општнскиот буџет во висина од околу четири и пол милиони денари.
Ново на Сител
-

САД се близу до договор за пристап до венецуелските нафтени резерви
-

Во поплавите во Непал 469 жртви, повеќе од 1.300 лица се водат како исчезнати
-

Успение на Пресвета Богородица: Зошто го барате во гробот, она што беше пренесено на небото
-

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО
-

Премиерот Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово
-

Сончево и топло, попладне услови за изолиpанa нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветeр
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
