Македонија
15. August 2024 - 19:59

Пуштено во употреба реновираното „петто крило“ во Идризово – обезбедни нови 100-120 легла

Осудениците за тешки кривични дела и оние кои отслужуваат доживотен затвор во КПУ Идризово од неделава ќе бидат префрлени во реновираното „петто крило“. По пет години откако беше затворено од Комитетот за тортура поради нечовечки услови, ова одделение во кое треба да бидат сместени 100-120 лица доби нови кревети, душеци, а ја нема ниту мувлата која беше редовна слика.

Првиот човек на Управата за извршување санкции, најавува дека во следните четири години, ќе биде целосно изграден нов објект во затворот, односно целосно ново притворско одделение. Пандов најави и дека ќе се активира и веќе опремената судница, со што би се намалиле трошоците за превоз на затворениците до судовите.

Реновирањето на овој дел од затворот било реализирано преку донации, вели првиот човек на затворот, Јовановски. Ги повика надлежните интитуции да да помогнат во создавањето подобри улови, но и алармира дека и немањето затворски полицајци е голем проблем.

Недостигот на затворска полиција е една од причините за бројните бегства од затворите. Бегствата кои се случија од затворот Шутка и од струмичкиот затвор не се решени, затворениците кои биле пуштени на викенд , не се вратени назад, велат надлежните.

Пред две недели бил спречен и обид за бегство на осуденик кој преку ѕидовите на дворот се обидел да излезе на слобода, но бил спречен од затворската полиција.