Путин бара да се прекинат сите канали за финансирање на ИД
Русија смета на тоа целокупната светска заедница да ги обедини своите сили за да ги прекине сите канали по кои се финансира Даеш (арапскиот синоним за Исламска држава), изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Танјуг.
-Нашиот став за заштита на културното наследство им е добро познат на сите, особено во конфликтните зони каде во моментов најбезобразно се крадат и уништуваат уникатни историски споменици, рече Путин на отворањето на Меѓународниот културен форум што се одржува во Санкт Петербург.
Според Путин, Русија ја почитува улогата на УНЕСКО во имплементација на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, што ја иницира Москва, а станува збор за забрана за трговија со антиквитети и други културни добра.
-Ние сме свесни дека средствата од овој злосторнички бизнис, но и од трговијата со наркотици, се користат за да се подржат екстремистите. Сметаме дека целокупната светска заедница ќе ги обедини напорите за овие канали на финансирање да бидат прекинати, заклучи Путин.
Ново на Сител
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама
-
Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал
-
Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД