-->
-->
Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината
-->

Рускиот претседател Владимир Путин го одликува заменик-претседателот на Советот за безбедност и лидер на владејачката партија „Единствена Русија“, Дмитриј Медведев, со Орден за заслуги за татковината од четврти степен.
„За голем придонес во зајакнувањето на руската државност и обезбедувањето на националната безбедност на Руската Федерација, со Орден за заслуги за татковината, четврти степен, се одликува Дмитриј Анатољевич Медведев“, се наведува во документот објавен на официјалниот сајт за правни акти.
Инаку, Медведев денеска го слави својот 60. роденден.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
-

Macedonian Open 2026: Шест македонски тенисери во првото коло
