Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
Рускиот претседател, Владимир Путин во интервју објавено денеска вели дека го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина.
Во интервју за кинеската новинска агенција Синхуа пред посетата на Путин на Кина оваа недела, рускиот лидер рече дека Пекинг ги разбира причините за кризата во целост, пренесе БТА.
Путин вели и дека Русија е отворена за дијалог и преговори за решавање на конфликтот кој трае повеќе од две години.
-Планот и принципите на Кина, објавени минатиот месец од кинескиот лидер Си Џинпинг, ги земаат предвид факторите зад конфликтот.
Позитивно го оценуваме пристапот на Кина за решавање на украинската криза. Пекинг навистина ги разбира причините за кризата и нејзиното глобално геополитичко значење.
Дополнителните принципи за решавање на кризата, кои Си Џинпинг ги постави во рамките на неговите преговори со германскиот канцелар Олаф Шолц, се реални и конструктивни чекори кои ја развиваат идејата дека е неопходно да се надмине менталитетот на Студената војна, изјави Путин.
Пред повеќе од една година, Пекинг објави план од 12 точки што ги содржи општите принципи за ставање крај на војната во Украина. Планот беше поздравен и од Русија и од Украина.
Ново на Сител
-
Објавен извештајот за починатото 14-месечно бебе, еве ги деталите
-
Следува продолжен викенд: 11-ти Октомври неработен ден за сите граѓани на Македонија
-
Во изминатите четири дена во Грција биле откриени и спасени над 580 бегалци и мигранти
-
Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби опрема како донација од Италија
-
Форум за образовни промени: Да се преземат мерки за бројните законски прекршувања на Универзитетот во Тетово
-
Отворено ново студио за медиумски иновации на Правниот факултет „Јустинијан Први“
-
Кина воведе царини на европските жестоки пијалаци
-
Тешко повредено 20-годишно лице по сообраќајна несреќа во Кавадарци