Путин и Ердоган ја разгледале можноста за средба во август.

Претседателот на Русија Владимир Путин разговарал денеска телефонски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на иницијатива на руската страна при што му изразил сочувство поради многубројните жртви во обидот за извршување воен удар во Турција, соопшти денеска пресслужбата на Кремљ.
Путин и Ердоган ја разгледале можноста за одржување билатерална средба во август, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
По телефонскиот разговор на двајцата претседатели бил постигнат договор за билатерлна средба во првата недела од август, јави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на извор од турското претседателство.
Не е соопштено местото на планираната средба.
- Владимир Путин во врска со обидот за насилно соборување од власт на демократски избраните турски власт ноќта на 16 јули го нагласи принципиелниот став на Русија за категорично неприфаќање на антиуставни акции и користење на силите во животот на земјата, наведе Кремљ.
Путин му изразил сочувство на Ердоган поради многубројните жртви меѓу цивилите и припадниците на безбедносните сили, кои се спротивставиле на пучистите, како и желба што е можно побрзо да дојде до обновување на стабиолноста на уставниот поредок на Турција.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
