Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ до 2020 година
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се продолжува забраната за увоз на храна од Европската Унија до крајот на 2020 година. Русија воведе ембарго врз широк спектар на увозни стоки од ЕУ и други земји во 2014 година како одговор на меѓународните санкции наметнати поради нејзината улога во украинската криза. На руската Влада и е наложено да гарантира спроведување на мерките од тој указ и по потреба да поднесе предлог за изменување на рокот на важење на наведените контра-санкции. Во март 2014 година во врска со ситуацијата во Украина, ЕУ и голем број земји, меѓу кои САД, Канада, Австралија, Јапонија, Швајцарија, Нов Зеланд и Исланд, почнаа да воведуваат санкции против Русија. Тие објавија списоци на руски физички и правни лица против кои беа изречени санкциите. На 6 август 2014 година Путин потпиша указ „За спроведување на одделни специјални економски мерки со цел да се гарантира безбедноста на Руската Федерација”. Следниот ден руската Влада воведе забрана за увоз на бројни намирници од САД, ЕУ, Норвешка, Австралија и Канада. Откако на 22 јуни 2015 година земјите од ЕУ ги продолжија санкциите против Русија, на 24 јуни Путин со указ го продолжи дејството на ембаргото за уште една година. Потоа се продолжи двапати, последен пат на 12 јули 2018 – до крајот на 2019 година.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието