Свет
4. November 2022 - 13:41

Путин: Луѓето во Херсон треба да бидат извлечени од зоните на опасни борби

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека цивилите треба да бидат евакуирани од Херсон во јужна Украина, окупиран од Москва, од каде руските сили ја водат евакуацијата од средината на октомври, додека силите на Киев напредуваат.

– Оние кои живеат во Херсон треба да бидат извлечени од зоните на опасни борби, нагласи Путин.