Путин: Новите оружја ќе и обезбедат сигурна заштита на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека новите руски оружја нема да имаат конкуренција во светот, но и оти Русија нема никому да му се заканува.
Говорејќи на состанок со високи воени офицери, Путин рече дека ниту една друга земја нема хиперсонично, ласерско и друго оружје од новата генерација како што нарачала руската војска, но додаде дека „тоа не е причина за закани кон некого“.
Според него, новите оружени системи се прават исклучиво „за да се обезбеди сигурноста на Русија од нови закани“, а Русија ќе продолжи да работи на контрола на оружјето.
Односите меѓу Русија и Западот паднаа на најниско ниво од Студената војна поради конфликтите во Украина и другите несогласувања, коментираат светските медиуми.
Во 2018 година, Путин најави цела низа нови оружја, вклучувајќи хиперсонична едрилица, нуклеарен подводен дрон и крстосувачки ракети на нуклеарен погон.
Ново на Сител
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина
-
Релативно стабилна е состојбата на пациентите од Кочани хоспитализирани во клиниките во Скопје