-->
-->
Путин: Обидите за униполарен свет пропаднаа
-->
Обидите за воспоставување униполарен свет пропаднаа и рамнотежата на меѓународната сцена повторно се враќа, изјави денеска рускиот претседател Валдимир Путин за руската НТВ.
– Ситуацијата се менува. Мислам дека не е тајна и дека сите може да видат како многумина наши партнери повеќе користат норми на меѓународното право, бидејќи рамнотежата во светот постепено се враќа. Обидите за униполарен свет пропаднаа, изјави Путин.
Според него, Русија иако ги штити своите национални интереси ги почитува и интересите на другите.
– Така ќе ги развиваме односите со сите наши партнери, истакна Путин.
Во врска со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, рускиот претседател вели дека тој е „паметен човек“ кој ќе биде одговорен на новата функција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор