Путин од Киргистан: Христијанството и исламот се темелат на исти вредности
Православното христијанство и исламот се темелат на исти вредности, изјави рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето на верската конференција во Киргистан.
Конференцијата „ Православието и сламот – религии на мирот“ , има за цел да ги промовира меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог меѓу Русија и Киргистан, пренесе „Москва Тајмс“.
- Исламот и православното христијанство, како и другите светски религии, се темелат на фундаменталните хуманистички вредности, кои имата трајно значење – на милордие и љубов кон ближните, на правда и почитување на човековото битие, рече Путин, пренесе Тасс.
Тој додаде дека од суштинско значење е зачувувањето на врската меѓу двете земји, како и на соработката на религиските организации во заштитата на мирот и меѓусебното договарање.
Ново на Сител
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план