Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
– Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека разговорите со американскиот пратеник Стив Виткоф покажуваат напредок и дека „ќе се види што ќе произлезе од нив“.
Путин одговори и на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за заштита на животите на украинските војници кои наводно се опколени во Курск.
„Јас побарав од претседателот Путин да не се случи масакр, тоа би било ужасна трагедија, напиша Трамп на „Трут Соушл“.
Путин ги повика украинските власти да наредат предавање на нивните војници, ветувајќи дека Русија ќе гарантира дека нивните животи ќе бидат поштедени.
Претходно, украинската армија ги отфрли руските тврдења дека нивните сили се опколени во регионот Курск, нарекувајќи ги „лажни информации“ пласирани за политички цели.
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз