Путин: Русија и Иран активно работат на меѓународната сцена, слично ги проценуваат настаните
Русија и Иран активно работат на меѓународната сцена и често имаат слични проценки за настаните, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Ова е прва средба меѓу двајцата претседатели, јави ТАСС. Путин го покани иранскиот претседател во официјална посета на Русија, што тој со благодарност ја прифати, пренесе агенцијата.
Трендовите во трговската размена меѓу Русија и Иран се добри, трговскиот промет бележи раст, изјави претседателот на Русија.
– Годинава гледаме пораст на трговскиот промет, иако тој не закрепна од минатогодишниот пад, но трендот е добар, рече Путин на средбата со Пезешкијан.
Како што изјави претходно Јуриј Ушаков, помошник на претседателот на Русија, двајцата претседатели ќе разговараат за билатерални прашања, како и за брзото влошување на ситуацијата на Блискиот Исток.
Путин и Пезешкијан се сретнаа во Ашхабад, на маргините на форумот „Поврзаноста на времињата и цивилизациите – основа на мирот и развојот“.
Ново на Сител
-
Претрес во Штип: Пронајдена дрога, приведен дилер
-
Криел дрога во автомобилите, истрага против 52-годишен дилер
-
Сообраќајка кај село Избиште
-
Мисајловски и Тошковски на показна алпинистичка вежба на ЕБР
-
Сиљановска Давкова го честита еврејскиот празник Јом Кипур
-
САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировници на ОН во Либан
-
Селото Чивељ отсечено по поплавите, може да се стигне само пеш или со чамец
-
Најмалку тројца загинати во руска Ингушетија