Путин: Русија способна да одговори на сите закани
Русија е способна да пружи ефикасен одговор на терористичките и други закани, а операцијата во Сирија тоа го потврди, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
- Оваа операција потврди дека Русија е способна да даде соодветен и ефикасен одговор на терористичката и која било друга закана во нашата земја, рече Путин на церемонијата на претставување на нови високи воени офицери.
- Терористите, создавајќи упориште во Сирија, утврдувајќи планови за сопствената експанзија и дестабилизација на цели региони, истакна Путин.
- Штом создадоа отскочна даска во Сирија и низа други држави на Блискиот Исток, терористите направија и продолжуваат да прават планови за ширење и дестабилизација на цели региони. Тие регрутираат и продолжуваат да регрутираат во свои редови екстремисти од многу држави, вклучувајќи ги, за жал и Русија и земјите од Заедницата независни држави (ЗНД), рече Путин.
Рускиот претседател ја повика Федералната служба за безбедност (ФСБ) да ги зајакне напорите на отворање врска меѓу вооружените напаѓачи во Русија и меѓународните терористички групи.
- Најважно е да се открие врската меѓу руските есктремисти со меѓународните терористички групи и покровителите, нагласи Путин.
Во специјалните операции убиени се 112 вооружени напаѓачи, вклучувајќи 26 лидери, а над 560 припадници на оружените банди се приведени, наведе ТАСС.
Ново на Сител
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ