-->
-->
Путин утре ќе се вакцинира против коронавирус
-->
Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека утре ќе прими вакцина против коронавирусот, неколку месеци откако почна вакцинацијата во Русија.
Говорејќи на состанокот со владините претставници, Путин рече дека утре ќе прими вакцина, без да прецизира која вакцина од трите одобрени за употреба во Русија.
Според рускиот претседател, над шест милиони луѓе во Русија веќе примиле барем една доза вакцина, а над четрири милиони ги примиле двете дози на вакцината против Ковид-19.
Вакцинација со домашно развиената вакцина – Спутник В во Русија почна во декември, но досега се одвиваше побавно во споредба со многу други земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
