Свет
1. November 2017 - 21:27

Путин во официјална посета на Техеран

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна на официјална посета на Иран, при што оствари средби со иранскиот претседател Хасан Рохани и врховниот верски лидер на Иран ајатолахот Али Хаменеи. 

Путин Хамнеи

Али Хаменеи му порача на Путин дека Иран и Русија мораат да ја зајакант соработката со цел да ги изолираат САД и да воспостават мир на Блискиот исток. 

- Целосното решавање на сириската криза бара силна соработка меѓу Иран и Русија. Нашата соработка може да ги изолира САД и да ја врати стабилноста, нагласи Хамени. 

Путин - Рохани

Рохани, наведе дека Русија е пријател, сосед и стратешки партнер на Иран, како и дека неговата земја сака да ги развива и да ги зајакнува билатералните односи. 

- Договори што беа потпишани од двете земји за различни сфери, треба да бидат дополнително активирани во фаза на нивна реализација, посочи Рохани. 

Иранскиот и рускиот претседател, на средбата исто така, разговарале и за борбата против тероризмот.