Путин: Во Украина ќе се постигнат сите поставени цели
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека во вооружениот конфликт во Украина „ќе се постигнат сите поставени цели“. -Вистината е на наша страна.
Сите поставени цели ќе бидат постигнати, рече Путин во видео обраќањето по повод втората годишнина од руската анексија на четирите украински региони, пренесе Бета.
Тој му го честиташе на рускиот народ 30 септември – „Денот на обединување“ со украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Керсон.
Според рускиот претседател, тоа обединување било „судбоносен настан“, неопходен за заштита на жителите на овие рускојазични региони на Украина од „неонацистичката диктатура“ и „радикалниот национализам“.
-Ние не ги напуштивме нашите браќа и сестри“, рече Путин, бранејќи ја „неопходноста и легитимноста на руската специјална воена операција“, како што во Русија се смета нападот врз Украина на 24 февруари 2022 година.
„Денеска сите се бориме за безбедна и успешна иднина на нашите деца и нашите внуци“, додаде рускиот претседател.
На 30 септември 2022 година, Путин ја потпиша анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон.
Овие региони, кои се само делумно контролирани од Москва, гласаа за нивната верност кон Русија на референдум што не беше признат од Киев и меѓународната заедница.
Ново на Сител
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации