Путин води информациска војна, еве како да возвратиме
Њујорк Тајмс - Њујорк
Добредојдовте во конфликтот на 21-от век, кој е повеќе макијавелистички отколку воен, каде пробивањето на комуникациите, истекувањето на информации и лажните вести го заземаат местото на авионите, бомбите и проектилите. Мешањето на Русија во претседателските избори во САД е само навестување на она што следува.
Како можат државите да се заштитат од таквите методи? Како и со нуклеарните оружја, одбраната е подобар метод од конфронтацијата. САД и нејзините сојузници на Западот мора да најдат начин да ја обесхрабрат Русија, водечкиот практичар во овој вид на политичко војување. Со нуклеарните оружја, одговорот зависи од демонстрирањето на поседување на слични капацитети - и волјата да ги употребите. Но, ова не функционира во случајот со политичкото војување.
Не е онака како што се мислеше дека САД не учествувале во кампањи за дестабилизација и дезинформации. Но, овие тактики имаат помала веројатност дека ќе функционираат во Русија, каде информативните медиуми се воглавно контролирани од државата, безбедносниот апарат брзо реагира на политичките закани, а граѓаните имаат помалку илузии во врска со нивните лидери. (На пример, кога „панамските документи“ обзнанија дека опкружувањето на претседателот Владимир Путин има тајни банкарски сметки, повеќето Руси ладно реагираа, неизненадени). Се што беше направено беше да им се покаже на Русите дека Путин има право кога вели дека Западот не е нималку подобар од него.
Она од што сравува рускиот претседател е неуспехот. Неговата мачо политичка персона се заснова на разбирањето дека тој никогаш не прави грешки и дека со помош на хакерите, специјалните сили или бруталните сојузници тој може да го измами Западот и потоа на Русија да ги го врати статусот на глобална сила.
Токму затоа САД и нивните сојузници треба да спроведат стратегија на возвраќање со негирање. Путин не треба да се плаши од одмазда заради неговата информациска војна - тој треба да се плаши дека ќе ја изгуби.
Постојат неколку начини да се постигне ова. Прво, на институциите во САД им е потребна подобра кибер безбедностза одбрана. Политичките партии и големите медиуми сега се цел исто како и електродистрибуцијата и Пентагон. Владата секогаш треба да обезбеди помош во одбрана - но луѓето имаат должност да бидат повнимателни и да прифатат дека нивната кибер безбедност е за безбедноста на земјата, а не само за нивната приватна електронска пошта. Објавените и-мејлови од раководителот на кампањата на Хилари Клинтон, Џон Подеста, открива колку лесно хакерите ги измамиле интелигентните политички оперативци со „фишинг“ напади.
Наместо да се обидува директно да се бори со секое истекување на информации, Владата на САД треба да ја подучи јавноста да сфати кога е цел на манипулации. Преку училиштата и невладините организации и кампањи преку јавните служби, Американците треба да ги научат основните вештини неопходни да бидат внимателни конзументи на медиумите, од тоа како брзо да проверуваат вести до тоа како една слика може да излаже.
Претпазливоста исто може да биде и во форма на ограничување на можноста Русите да ја купуваат моќта на медиумите. Глобалните финансии се се уште најдобри пријатели на гангстерите и привиденијата и им овозможуваат тајно да се движат и да трошат пари. Со приклучувањето кон последниот и најстрог договор за Заеднички стандарди за известување на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за размена на финансиски информации, на пример, и со вршење притисок врз незгодно строгите закони за тајност на американските држави, Вашингтон не само што ќе ја отежне корупцијата на руските официјални лица, туку и на московскиот безбедносен апарат да троши пари колку што сака во САД.
Но, САД исто треба предвреме да објават и очигледно со очигледна одлучност, онаков вид активности кои ќе ги преземе како одговор на извесни политички напади. Русија ја користи предноста од немоќта и слободите на Западот, па Западот треба истоветно да возврати на слабостите на Русија.
На пример, казнени мерки како санкции можат да бидат многу силно оружје против опотунистичките клептократи на кој се потпира Путин за поддршка. Сопствениците на медиуми чии мрежи шират дезинформации, членови на Парламент кои култивираат екстремизам, и олигарси кои дозволуваат самите да бидат искористени додека првиот човек на Кремљ изјавува дека во игрите се е фер. Нивно третирање како членови на синдикат на организиран криминал ќе му овозможи на Вашингтон да ги замрзне не само нивните сметки, туку и тие на нивните семејства, и да им забрани влез во САД.
Западот исто треба обединето да застане против тактиката „подели па владеј“ на Кремљ. Членките на НАТО се обврзани со договор да се бранат една со друга од воени напади, но нема такви обврзувања за кибер напади или информациска војна. Многу помали држави оклеваат да ја играат својата улога во борбата против руската шпионажа и субверзија - без разлика дали протеруваат шпиони или затворање на руски организации - затоа што се плашат од неизбежната одмазда од Русија. САД мора да им ветат на своите сојузници дека ќе ги поддржи.
На крај, суетата на Путин треба да се сврти во оружје против него. Секој пат кога ќе претера, американската влада треба да го објави тоа. Секој пат кога тој ќе изгуби, ние треба тоа јасно и гласно да го истакнеме. Треба да правиме вицови за него. Тој може да ја препишува историјата на Русија, но Западот не би требало да учествува во неговото создавање на митови - и треба да престанеме да му помагаме портретирајќи го како виртуелен суперзлобник.
За сето ова потребна е нова свест. Тоа значи прифаќање дека Русија избрала да тргне во војна со нас - иако е тоа ограничена и специјална војна. Русија треба да биде ретирана како политички соперник.
Тоа исто значи да се потсетиме колку се посилни САД од Русија, економски, воено, дипломатски, па дури и политички. Путин е геополитички герилец кој прифатил стратегија за која тој се надева дека ќе ја игра својата моќ и дека ќе ја победи таа на Западот. Сега Западот треба да демонстрира дека има стратегија да се бори со авантуризмот.
Ново на Сител
-
Русија најави одмазда против Украина поради употребата на американски ракети АТАКМС
-
Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор
-
Пахор се повлече од кандидатурата за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина
-
Комеморација на Цетиње, трет ден на жалост во Црна Гора
-
Божиќните празнувања во Бигорски почнуваат од утре
-
Во Кавадарци одбележани 82 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур
-
Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин