Работен ручек на Фон дер Лајен со лидерите од Западниот Балкан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе има работен ручек со шесте лидери на државите од Западниот Балкан, на кој ќе се разговара за меѓусебните односи и за имплементацијата на Планот за раст на регионот, информира денеска портпаролката на ЕК за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.
Таа истакна дека на работниот ручек се поканети премиерите на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, Писонеро информира дека Европската комисија во моментов ја финализира проценката на доставените реформски агенди на земјите од Западниот Балкан поврзани со него, а кои се однесуваат на социо-економските аспекти и на областа на основните права.
- Кога ќе ги завршиме овие проценки, ќе се консултираме со земјите членки на претстојниот ИПА Комитет и во случај на позитивна оценка од страна на ИПА Комитетот, ќе ги одобриме реформските агенди, истакна Писонеро, додавајќи дека по ова ќе следи подготовката за исплата на првите транши од Инструментот за раст и реформи на Западниот Балкан.
Инаку, за време на престојот на премиерот Мицкоски во Брисел, во текот на утрешниот ден предвидени се негови средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.
За време на посетата на Брисел, Мицкоски ќе биде придружуван од министрите на надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани. Предвидено е Муцунски да се сретне и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг и да се обрати на приемот организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 септември.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
