Работен состанок на министерката Царовска со десет невладини здруженија
Поддршка на сите граѓански здруженија и организации на лицата со попреченост, најави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Како што соопшти Министерството, Царовска одржа работен состанок со претставници на 10 здруженија на граѓани кои работат на полето на унапредување на правата на лицата со попреченост со цел да се запознае со нивните програмски активности. Го потенцира значењето на цврстиот партнерски однос и активното учество на лицата со попреченост и нивните семејства за унапредување на положбата на лицата со попреченост до позиција на рамноправни граѓани кои ќе ги уживаат сите права и одговорности во општеството.
- Лицата со попреченост ќе имаат можност преку активна партиципација да учествуваат во донесување одлуки и врз основа на добиените сознанија, мислења, барања и сугестии ќе пристапиме кон изготвување квалитетни законски решенија и програми што ќе придонесат за унапредување на правата и достоинството на децата со посебни воспитно образовни потреби и лицата со попреченост, како и системски пристап кон решавањето на потребите и проблемите на лицата со секаков вид и степен на попреченост, нагласи Царовска.
Рече и дека усогласувањето на сите политики на делување на подрачјето за заштита на лицата со попреченост согласно домашните и меѓународни стандарди како начин на создавање највисока стапка на современа заштита и пристапност до сите права и нивно реализирање без дискриминација и надградување на домашната правна рамка на подрачјето на заштита на лицата со попреченост, како и создавање услови за имплементација на законодавството и следење на неговата примена се цел на Министерството за труд и сиијална политика.
На состанокот се подвлече и потребата од мултиресорски пристап за изнаоѓање соодветни решенија за подобрување на човековите права, достапноста и вклучувањето на лицата со попреченост, развивањето ефикасна правна заштита и сензибилизација на општеството низ подигнување на свеста за негување на еднаквоста. Се разговараше и за достапност на услуги базирани на потребите на лицата со попреченост, како и потребите за развивање политики, мерки и применети програми кои ќе ги поттикнат самостојност, личен развој и активен живот, достапност на лицата со инвалидност во севкупното општествено и обезбедување стандарди за квалитетен живот и социјална сигурност.
Ново на Сител
-
ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување повредени од Кочани
-
Комеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во Кочани
-
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово
-
Топењето на глечерите ги загрозува резервите на свежа вода, предупредуваат експертите
-
МДТ апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници
-
Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата на повредените стабилна
-
По речиси 22-часовна седница пратениците на второ читање го усвоија државниот буџет на Бугарија за 2025
-
Макрон најави нов самит за Украина следната недела