Работилница на АМС и Спортските федерации
Работилницата беше наменета за претставниците на спортските национални федерации со цел запознавање на новите законски измени во делот на даночното ослободување во спортот. Работилницата со поздравно обраќање ја отворија директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф.д-р Ленче Алексовска. Во работниот дел, д-р сц. Томислав Андоновски ги разработи и ги презентираше законите кои влијаат врз развој на спортот, особено во делот на користење средства од игрите на среќа, данокот од добивка и донациите и спонзорствата. Покрај тоа, д-р сц. Андоновски го објасни и им го доближи и начинот за подготовка и планирање на годишната програма на националните спортски федерации за обезбедување на средства од Буџетот на РМ и средства прибрани од игра на среќа.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“