Работилница за дистрибуција на филм на италијанската режисерка Клаудија Тоси

На Фестивалот за европски филм „Синедејс“ денеска во Младинскиот културен центар од 13 часот ќе се одржи првата од четирите работилници во придружната програма на годинашниот фестивал.
Тема на работилницата е „Јас снимив филм. Никогаш нема да го видите, освен ако....“ и е наменета за дистрибуција на филм. Ќе ја води италијанската режисерка и продуцентка Клаудија Тоси.
Следната работилница на „Синедејс“ е на 14 ноември во МКЦ - мастерклас на српскиот сценарист и режисер Мирослав Момчиловиќ - за промена на планови во еден кадар како вид монтажа.
На 15 ноември на Факултетот за драмски уметности работилница за нарација: „Како може да изградиме цврсти наративи за филмови?“ ќе одржи Саваш Арслан, професор на Факултетот за филмски уметности на Универзитетот Бахчешехир во Истанбул.
Организаторите на „Синедејс“ го издвоија еднодневното предавање за скрининг-техники на снимање аудиции и филмови кое на 18 ноември од 10 часот во МКЦ ќе го одржи познатата кастинг-директорка од САД Ненси Бишоп. Таа работи во Лондон и Прага и има избрано таленти за споредни улоги за стотина проекти, како „Невозможна мисија 4“, „Борновиот идентитет“ и „Ледокршач“.
Претходниот ден, 17 ноември, Ненси Бишоп и новинарката Анила Гајевиќ од Сараево од 19 часот во МКЦ ќе одржат меѓународен маркетинг семинар за актери.
Ново на Сител
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
-

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт
