Работна посета на собраниската Комисија во Управата за безбедност и контраразузнавање
Собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска реализираше работна посета во просториите на Управата за безбедност и контраразузнавање, соопшти прес-службата на Србранието на РМ..
На работната средба која траела повеќе од четири часа, од УБК детално го презентирале начинот на вршење на работите од надлежност на Управата, согласно постоечките Правилници, Упатства и останатите подзаконски акти според кои ја спроведува својата функција.
- Посебен акцент беше ставен на работењето на УБК во делот на следење на комуникациите, и на Комисијата детално ѝ беше презентиран начинот на постапување при следење на комуникациите, односно сите фази низ кои се минува во спроведување на мерката следење на комуникации и расположливите капацитети на УБК во однос на оваа тематика, се наведува во соопштението.
За време на средбата од УБК одговориле на сите поставени прашања од страна на Комисијата, а биле договорени и следни активности.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица