-->
-->
Работнички го доби скопското дерби со Вардар
-->

По двонеделна пауза поради настапот на репрезентацијата, денеска беа одиграни средбите од 15.коло во ПМФЛ, во кое дербито на колото се одигра во Скопје.
На дуелот кој се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, екипата на Работнички со голот на Оливер Пеев во 56.минута го победи Вардар минимално со 1:0.
Овој пораз на вардарци го искористи шампионот Шкендија која со убедливата победа над Силекс 5:0 и новите три освоени бодови, сега ја зголеми разликата на врвот на табелата во однос на второ пласираниот Вардар на шест бодови.
Академија Пандев со триумфот над Победа со 2:1 ја одржува третата позиција.
Триумф пред своите симпатизери оствари и Беласица која со 3:! Ја победи Ренова, додека во Ѓорче Петров средбата меѓу Македонија и Шкупи заврши без победник 2:2.
ТАБЕЛА:
1. ШКЕНДИЈА 34 бода,
2. ВАРДАР 28,
3. А. ПАНДЕВ 25,
4. РАБОТНИЧКИ 20,
5. РЕНОВА 19,
6. МАКЕДОНИЈА ЃП 17,
7. ПОБЕДА 17,
8. БЕЛАСИЦА 17,
9. ШКУПИ 16,
10. СИЛЕКС 14,
До крајот на есенската полусезона остануваат уште три кола, кои ќе бидат одиграни за седум дена (недела, среда, недела) завршното на 2 декември, а последните дуели за 2018 година ќе бидат реваншите во четвртфиналето на Купот закажани за 5 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
