-->
-->
Работнички пред „невозможна мисија“ во реванот против Парма
-->
Кошаркарите на Работнички се пред „невозможна мисија“ во дуелот реванш натпреварот против руската екипа Парма во рамките од квалификациите за ФИБА Еврокупот.
Откако најтрофејниот македонски кошаркарски колектив ја загуби првата средба на гостински терен во Прем, каде избраниците на Марин Докузовски беа совладани со 88:63, ќе треба да направат вистинско чудо да ја надополнат -25 поени.
Сепак, тимот од „Градски парк“ нема да се предаде, а со поддршка од своите навивачи се надева дека ќе успее да ја надополни високата негативата и да се пласира во следната рунда.
Затоа, раководството на Работнички реши влезот да биде слободен и да ги отвари вратите на спортскиот центар „Борис Трајковски“ за претстојниот натпревар.
„КК Работнички ги повикува сите искрени фанови и симпатизери на клубот да ги исполнат трибините на спортскиот центар и официјално да означиме почеток на новата натпреварувачка сезона 2017/2018 пред домашната публика“, се вели во соопштението на Работнички.
Реванш натпреварот од првото квалификациско коло меѓу Работнички и Парма, Прем ќе се игра вечерва во терминот од 19 часот и 30 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возач на автобус прегазил 51-годишник кој управувал со тротинет, па го напуштил местото на настанот
-
Двајца гостиварчани лажно пријавиле дека доживеале сообраќајка
-
Кривична за двајца малолетници осомничени за насилство
-
30 дена притвор за обезбедувачот на Мицкоски осомничен за оддавање службена тајна
-
Таравари: Не планираме да излеземе од Владата
-
Нетанјаху се откажа од својот кандидат за нов шеф на Агенцијата за внатрешна безбедност
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет