-->
-->
Работнички во 91-минута се избори за „реми“ против Динамо Минск
-->

Екипата на Работнички со гол од пенал во судиското дополнение се избори за „реми“ во дуелот против Динамо Минск.
Работнички и Динамо Минск одиграа без победник 1:1 во првиот натпревар од 2.коло во квалификациите за Лига Европа, кој се одигра на теренот „Перат Милошески“ во Скопје.
Гостите од Белорусија имаа предност од 53.минута, кога Владимир Квачински успеа да го совлада Шишковски со глава по центаршутот на Лукиќ.
Дополнително задачата на Работнички беше отежната во последните десет минути откако остаа со играч помалку, по исклучувањето на Емир Сахити кој заработи црвен картон.
Сепак. И во таква ситуација „Романтичарите„ се изборија за нерешен резултат благодарение на голот на Бојан Најденов 91.минута од пенал.
Реваншот во Белорусија ќе се игра за седум дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
