-->
-->
Работник тешко повреден - страшна несреќа во Македонија
-->

Во текот на вчерашниот ден во 12 часот и 55 минути во полицијата во Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улицата „11-ти Ноември“ во ФЗЦ „11-ти Октомври“, при пад на метални профили од сајла за транспорт, со тешка телесна повреда во пределот на главата се здобил работник.
Се работи за 33-годишниот М.С. од селото Горно Којнаре-кумановско. Поради сериозноста на повредите, веднаш бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и државен инспектор за заштита при работа од Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Енрике: Целта на ПСЖ е директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите
-

Филипче: Поготвени сме за избори во кое било време
-

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

Оклахома поуспешна од Њу Орлеанс, Денвер загуби од Детроит
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
-

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
-

Осумнаесет натпревари од ЛШ во една вечер
-

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед?
