Радев до Шолц: ЕУ да биде гарант за правата на Бугарите во Северна Македонија
Во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не станува збор само за историски спор, важно е и почитувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, вклучително и човековите права и недискриминацијата. Ова се неопходни услови кои Северна Македонија мора да ги исполни пред да ги започне преговорите за членство во ЕУ, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател Румен Радев по неговата средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во Софија.
Како што јави дописникот на МИА, Радев на средбата со Шолц инсистирал ЕУ да биде гарант за почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија.
Неопходни се јасни механизми и мерливи критериуми за следење на преговарачкиот процес, што ќе доведе до одржливост во исполнувањето на критериумите за членство на Северна Македонија во ЕУ, истакнал Радев. Тој, како што се неведува во соопштението, ја нагласил и „важноста од зачувување на бугарското културно и историско наследство во Република Северна Македонија“.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
