Ракомет
13. March 2017 - 9:10

Радичевиќ меѓу „ѕвездите“ на колото, Лејно во изборот одбрани, а Илина кај головите

Ракометраката на ЖРК Вардар Јованка Радичевиќ постигна девет голови на саботниот натпревар со Турингер и сосема разбирливо се најде во изборото на „трите ѕвезди“ на колото.

Покрај неа се уште и: Аурелија Брадеану од Букурешт и Вероника Кристијансен од Митјиланд.
Во изборот на топ 5 одбрани на колото како број 3 е интервенцијата на Амадин Лејно, додека голот на интернационалката од Белорусија во дресот на ЖРК Вардар се најде во топ 5 како број 5.