Рахој ќе ја почитува секоја одлука на белгискиот суд во врска со Пуџдемон
Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на белгискиот суд во врска со барањето на Шпанија за екстрадиција на разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и четворица негови министри кои се наоѓаат во Брисел.
Рахој на маргините на Самитот на ЕУ во Гетеборг рече дека почитувањето на независноста на правосудството и прифаќањето на судските одлуки претставува основен принцип на ЕУ и дека не би било добра идеја тоа сега да биде доведен во прашање.
- Од мене нема да слушнете, без оглед на тоа што и да се случи, ништо освен почитување на одлуките на правосудните институции во случај на екстрадиција, рече Рахој.
Белгиски суд денеска не донесе одлука за европскиот налог за апсење на разрешениот претседател на каталонската Влада, Карлес Пуџдемон, што го издаде Шпанија, соопшти неговиот адвокат Пол Бекерт. Белгискиот обвинител побара налогот да се спроведе, но одлуката за случајот ќе биде донесена следниот месец.
Белгискиот суд денеска првпат заседаваше за европската потерница за апсење на Пуџдемон, издадена од Шпанија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши