Рајан Рејнолдс ја налути сопругата

Глумецот Рајан Рејнолдс, кој на крајот на септември вторпат стана татко, во едно ТВ шоу имплицитно откри дека има уште една ќерка и со тоа ја разлути сопругата.
Рејнолдс и неговата 11 години помлада колешка Блејк Лајвли се венчаа во 2012 година, а во 2014 ја добија ќерката Џејмс, крстена по покојниот татко на актерот. Пред нешто повеќе од еден месец, Лајвли се породи во болница во Менхетн, но до неодамна јавноста не знаеше ништо за нивната принова.
Имено, во гостувањето кај Конан О’Брајан, глумецот се пошегува дека „во неговиот дом сега има премногу естроген“, со што ја откри таа долгоочекувана информација. Тој понатаму говореше и околу тоа колку е тешко да се има две деца, така што „понекогаш просто сака да избега од дома“.
Блејк прво објави на социјалните мрежи дека му е лута на својот сопруг, а по неколку часа на инстраграм објави фотографија од неговото слатко извинување.
Ново на Сител
-

Заврши втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД
-

Опозициски прашања во Парламентот - во фокусот мерките за справување со кризата
-

Ацо Ристов изгласан за претседател на Регулаторна
-

Истражување на ИППСИ: Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста - учениците читаат, но не разбираат
-

ДЗР: Населението во Македонија енормно старее, има повеќе пензионери од работници
-

Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
-

Аудио снимки од повици за помош на починатата Ивана и од сведоци на тепањето, пуштени денеска во судница
-

Со снимки од пријавите за семејно насилство продолжува судењето против Стојанче Јовановски
