Ракел Велч „не им се дава“ на годините: Изгледа одлично и на 75-годишна возраст

Иако неодамна го прослави својот 75-ти роденден, актерката и некогашен секси симбол, Ракел Велч се уште изгледа неверојатно убаво.
Пред неколку дена таа се појави на црвениот тепих на една манифестација во Холивуд, при што засени многу од нејзините двојно помлади колешки.
Актерката, која во средината на 60-те години на минатиот век се појави на „Плејбој“, зад себе има четири брака и 55-годшниот син Дејмон и 53-годишната ќерка Тане.

Ракел е родена во 1940 година, но и денес изгледа убаво и секси, како во нејзините најдобри денови.
Вниманието на себе таа го сврте во 1966 година со улогата во научно-фантастичниот филм „Fantastic Voyage“, која и донесе договор со „Твенти Сенчари Фокс“. Со тоа, ништо не можеше да и застане на патот за да стане една од најпознатите светски секс симболи.
Иако во филмот „One Million Years B.C.“ изговори само три реченици, сцена во која се појавува облечена само во кожни бикини, остана врежа во помнењето на милиони луѓе ширум светот, а ја лансираше и во друштво на најпознатите филмски ѕвезди од тоа време.

Ново на Сител
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
